full screen background image
Search

Volkswagen Arteon ќе има напреден систем за асистирање во итни случаи

Дел од новиот Volkswagen Arteon ќе биде и новиот систем наречен Emergency Assist 2.0 кој би требало да може да спречи голем број несакани ситуации и сериозни незгоди.

Еден од примерите кои ги наведуваат луѓето од Volkswagen е можноста Arteon самиот да го преземе управувањето кога ќе примети дена возачот е оневозможен. Системот не само што ќе го преземе управувањето и ќе го насочи автомобилот кон десната лента со цел да застане, туку и ќе ги предупреди и другите учесници во сообраќајот.

Emergency Assist 2.0 системот всушност ги соединува адаптивниот темпомат (Adaptive Cruise Control), Side Assist, Lane Assist и Park Assist во една електронска единица. Во случаи кога ќе забележи дека е потребно, системот автоматски ќе активира соодветни „контрамерки“. На самиот почеток ќе искористи звучен сигнал, за потоа визуелно да го предупреди возачот, како и физички (со закочување). Доколку сè уште е потребно да реагира, тогаш Emergency Assist 2.0 ќе го започне гореспоменатиот процес и автоматски ќе ги вклучи четирите трепкачи на автомобилот.

Со внимателни маневри, и благодарение на многуте сензори кои се дел од Adaptive Cruise Control и Lane Assist системите, Arteon ќе се насочи самиот себеси кон место погодно за застанување, а сето тоа без да дојде во контакт со било кое друго возило.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.