full screen background image
Search

BMW M2 CSR од Lightweight Performance – супер-лесен тркач со 610 коњски сили!

Додека светот ја чека поекстремната верзија на одличниот BMW M2, тјунерите од Lightweight Performance во M2 го вградија моторот од M3 и го доработија да испорачува 610 коњски сили!


Финалниот продукт на Lightweight Performance се вика M2 CSR, односно M2 Carbon Sport Race, и во нашите очи – излгеда одлично. Сепак, многу поважно е она што се крие под кожата, а таму ќе го најдете S55 шест-цилиндерскиот мотор од BMW M3, „суптилно“ преработен да испорачува 610 коњски сили и 767 Nm вртежен момент. За оние кои „водат есап“, тоа се 245 коњски сили и 345 Nm повеќе од стандарндиот M2.

Секако, компанијата не би си го оправдала името ако не вложила малку внимание и во тежината на M2 CSR. Од карбон се изработени делови од ентериерот, како и кровот, вратите, поклопецот на моторот, поклопецот на багажникот и уште некои детали – и сето тоа го олеснува M2 CSR за дури 195 килограми во однос на стандардниот. Сето ова резултира со перформанси од кои застанува здивот – 100 километри на час пристигнуваат за околу 3 секунди, а максималната брзина е 328 километри на час. Можете да изберете меѓу мануелен менувач со шест брзини, или пак автоматски со седум брзини. Моќта се пренесува кон задните тркала, секако.

 

Немаме информации за цената на оваа конверзија, но можете да го однесете вашиот M2 да биде преработен, или пак да нарачате комплетен автомобил директно од Lightweight Performance. Но не очекувајте дека ќе поминете евтино, без разлика која опција ќе ја одберете.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: BMW го претстави електричниот i4!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.