ПРЕМИЕРА: Alpine A310 Vision – Концепт кој припаѓа во Cyberpunk 2077! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Alpine A310 Vision – Концепт кој припаѓа во Cyberpunk 2077!

Со новиот A310 Vision, Alpine ја означува 55-годишнината од A310 со четири цилиндри, односно 50-годишинината на A310 со V6. И тотално изгледа како да припаѓа во Cyberpunk 2077.

Од Alpine кажуваат дека новиот A310 Vision не сака одново да го репродуцира A310, туку да ја продолжи неговата намера – радикална силуета, јасен дизајн, препознатлив став и емоции кои не можат да бидат ништо друго освен Alpine. Додаваат и дека концептот влече инспирација од чистиот дизајн на A310 со четири цилиндри, но и од мускулестиот карактер на A310 со шест цилиндри и неговите широки крила.

И резултат на сето тоа? Пааа… Има ли потреба многу-многу да објаснуваме? Концептот верно влече инспирација од минатото, но изгледа навистина футуристички и моќно, и одлично би се вклопил во футуристичкиот свет на Cyberpunk 2077. Интересно е дека A310 Vision е посветен првенствено на дизајнот на екстериерот, но овозможува и мал, дискретен поглед кон ентериерот.

Концептот ја прикажува и креативната слобода која ја овозможува новата APP архитектура. Alpine Performance Platform е архитектура развиена да биде основа за новите и следните електрични модели на Alpine. Благодарение на нејзината модуларност, овозможува нови форми и пропорции, но и нови интерпретации на дизајнерскиот јазик на Alpine.

Не знаеме колку (ни дали воопшто) A310 Vision ќе прерасне во сериски модел, но… Ајде Alpine, можете вие!

Wake up, Samurai!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.