Skoda објави нови фотографии од освежените Rapid и Rapid Spaceback – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Skoda објави нови фотографии од освежените Rapid и Rapid Spaceback

Чешкиот производител неодамна ги освежи Rapid и Rapid Spaceback, но денес објави грст нови фотографии од освежените автомобили каде се гледаат најважните измени.

Како што веќе пишувавме, Rapid и Rapid Spaceback ќе можат да се нарачаат со би-ксенонски светла со LED дневни светла, а добиваат редизајнирани браници и нови дизајни за тркалата. Во кабината, обата автомобили добиваат нови тапацири на вратите и нови отвори за вентилацијата, како и нови можности за поврзување – како на пример Wi-Fi hotspot.

Со фејслифтот, дел од стандардната опрема стануваат контролата за стабилност и системот за следење на притисокот во пневматиците, а стандардно ќе се нудат и грст системи за активна и пасивна безбедност. Новитет е и 1-литарскиот TSI турбо-бензинец кој сега ќе се вградува во Rapid и Rapid Spaceback, кој ќе се нуди со 95 или 110 коњски сили. Во понудата остануваат 1.4-литарскиот TSI со 125 коњски сили, 1.4-литарскиот TDI со 90 коњски сили, како и 1.6-литарскиот TDI со 116 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.