Новата платформа со погон на предни тркала на Mercedes ќе се користи за 8 модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата платформа со погон на предни тркала на Mercedes ќе се користи за 8 модели

Mercedes-Benz официјално потврди дека новата платформа со погон на предните тркала која ќе се појави со следната А-Класа ќе се користи кај дури осум различни модели.

Постоечката платформа со погон на предните тркала на Mercedes-Benz во моментов се користи кај пет модели, но Ola Kallenius во интервју за Car and Driver потврди дека следната генерација која треба да пристигне следната година ќе се искористи за дури осум модели.

Сега за сега не е потврдено точно кај кои модели ќе се користи, но можеме да претпоставиме дека ќе биде основа за новата A-Class, A-Class Sedan (најавен со неодамнешниот Concept A Sedan), CLA, CLA Shooting Brake, GLA, новата генерација на B-Class миниванот како и мини-G-Wagen теренецот кој најверојатно ќе се вика GLB. Најавена е и верзија на A-Class со продолжено меѓуоскино растојание, која најверојатно би се продавала на источните пазари.

Mercedes-Benz го искористи саемот на автомобили во Шангај и Concept A Sedan за да го најави својот иден дизајнерски јазик. Интересно, тие јасно и гласно кажаа дека времето на острите рабови помина, и дека новите модели на брендот ќе бидат со помеки линии. Сега за сега немаме никакви информации за погонските единици кои ќе се вградуваат во новите модели, но според најавите можеме да очекуваме Mercedes-Benz да продолжи да вградува мотори со потекло од Renault-Nissan во некои од моделите. Секако, ќе се комбинираат со мануелни и автоматски менувачи, а во игра е и 4Matic системот за погон на сите четири тркала.

На врвот на понудата ќе се најдат неизбежните AMG-изведби, кои се шпекулира дека ќе имаат на располагање по околу 400 коњски сили, 25 повеќе од досегашните 375 кои ги имаат на располагање A45 AMG, CLA 45 AMG и GLA 45 AMG.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.