full screen background image
Search

Concept A Sedan го најавува дизајнерскиот јазик на идните компакти на Mercedes-Benz

Германскиот производител во Шангај го претстави Concept A Sedan, кој го прикажува дизајнерскиот правец по кој ќе се движат новите генерации на помалите модели од брендот.

Concept A Sedan изгледа различно од актуелните A-Class, B-Class и CLA модели и се одликува со поправи форми и линии. Предниот дел ја добива новата Panamerican предна решетка и нови поиздолжени триаголни предни светла, кои се одликуваат со тридимензионален внатрешен дизајн со виолетово осветлување. Тука е и широко отворена долна решетка со црни елементи.

Од страните се забележуваат нови тенки ретровизори, брави кои се слеани со формата на вратите и сокриен Б-столб, додека изразените странични крила вдомуваат големи 20-инчни тркала. Задниот дел е сличен на моделот CLA, но се одликува со многу поостри рабови и повторно со триаголни светлосни групи како на предниот дел.

Според главниот дизајнер на Daimler AG – Горден Вагенер, новиот Concept A Sedan покажува дека е завршено времето на заоблени форми и набори, а сега се на ред перфектни пропорции и површини со помалку линии.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.