full screen background image
Search

Новиот Ford GT го должи своето постоење на откажан „Project Silver“ Mustang

Приказната за создавањето на новиот Ford GT се чини подеднакво интересна како таа за оргиналниот модел, бидејќи да не постоела една мала група на бунтовници, тој никогаш немал да биде направен.

Историјата на Ford GT – од неговите почетоци како средство за поразување на Ferrari на трките за издржливост – е нешто за кое секој автoмобилски ентузијаст треба да знае. Ново поглавје од таа историја беше неодамна откриено на автомобилскиот саем во Детроит, од страна на Raj Nair – одговорен за глобален развој на Ford.

Според најновите вести, новиот GT бил развиен во целосна тајност од директорите на брендот, како одговор на откажаниот Mustang проект кој требал да се натрпеварува во Le Mans. Наречен Project Silver, тој требал да биде чистокрвен тркачки автомобил базиран на S550 Mustang за GRE PRO класата. Поради големите трошоци, кои би изнесувале околу 250,000 долари за еден примерок, проектот бил откажан. Исто така, директорите не чувствувале дека Le Mans е добро поле за промовирање на педигрето на Mustang.

Сепак, Наир бил фокусиран на 50 годишнината од победата на Ford над Ferrari во 1966 на Le Mans, па затоа се побунил. Неговиот бунт го изразил на тој начин што собрал многу мал тим за да дизајнира нов GT суперавтомобил во тајност. Тие работеле во тајна соба во Ford-овиот центар за развој на производи во Дирборн. Го крстиле обидот Project Phoenix – издигајќи се од пепелта на неуспешниот Mustang програм.

Новиот GT бил дизајниран од почеток да биде уличен автомобил и тркачка машина, а откако проектот бил создаден Nair ги собрал главните извршни директори на Ford во работилницата и успеал да ги убеди во изводливоста на проектот и дека тие можат да победат на Le Mans. Работите тргнале нанапред и во Јуни 2016 Ford GT го оствари тоа со прво и трето место на подиумот.

Поврзано:   Ford Mondeo ги заменува сите бензински со една хибридна верзија

Во брзиот свет на автoмобилско известување многу време е потрошено на зборување за бројки и статистики. Убаво е да се потстиме дека сè уште постојат луѓе во автомобилскиот бизнис кои не само што имаат страст кон перформансите, туку се подготвени сериозно да ризикуваат со цел да ја одржат таа страст во живот.

 

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.