Борбата меѓу хот-хеч автомобилите на легендарниот Nurburgring не застанува – по рекордите кои ги поставија Renault, Seat и Volkswagen – сега тронот го презема Honda со новиот Civic Type R!
Војната за Nurburgring продолжува – рекордите продолжуваат да се нижат, а натпреварот меѓу производителите како да нема крај. Со новото време од 7 минути и 43.8 секунди, Honda Civic Type R постави нов рекорд на легендарниот „Зелен Пекол.“
Колку за споредба, ова се рекордите кои новиот Civic Type R успеа да ги надмине:
- Volkswagen Golf GTI Clubsport S: 7:47.2 – Октомври2016
- Honda Civic Type R (минатиот модел): 7:50.6 – Мај 2014
- Renaultsport Megane 275 Trophy-R: 7:54.4 – Мај 2014
- Seat Leon Cupra 280: 7:58.4 – Март 2014
- Renaultsport Megane Trophy 265: 8:07.9 – Јуни 2011
Honda го постави новиот рекорд на 3ти Април оваа година, на сув ден. Според инженерите на Honda, возилото со кое е поставен рекордот е тестно возило, но со технички спецификации идентични со серискиот автомобил. Според Ryuchi Kijima – одговорниот за развој на шасии во Honda – новото возило е побрзо бидејќи има поширока трага и пошироки гуми, нијанса подолго меѓуоскино растојание, нова мулти-линк суспензија на заздната оска и оптимизирана аеродинамика. Колку да ве потсетиме – новиот Civic Type R вози доработена верзија од одличниот 2-литарски Turbo VTEC бензинец на Honda кој испорачува 316 коњски сили и 400 Nm вртежен момент.
Погледнете како сето тоа изгледаше!