full screen background image
Search

Exige Cup 380 е најтврдкорниот Lotus кој можете да го возите по улиците

Lotus го претстави најекстремниот модел со регистерски таблички кој ќе биде произведен во ограничен број од само 60 примероци.

Новиот модел е всушност еволуција на Sport 380, опремен со редизајнирана каросерија, намалена тежина, поголема сила и преработени механички делови. Со замена на повеќе алуминиумски делови со елементи од карбон, добиена е ниска тежина од од само 1057 килограми, која пак е причината позади импресивните преформанси и управување. Благодарение на тоа, односот на сила на тежина изнесува 355 коњски сили на тон.

Измените на каросеријата и големиот заден спојлер придонесуваат за 200 килограми поголема потисна сила, што е всушност зголемување од 40 проценти во споредба со „основниот“ Sport 380 модел. Суспензијата користи двонасочни Nitron прилагодливи амортизери и Eibach прилагодливи стабилизатори.

Во срцето на Cup 380 работи 3.5-литарскиот V6 кој произведува 380 кс при 6700 вртежи и 410 Nm при 5000 вртежи во минута. Во комбинација со шест-степен мануелен менувач со скратени односи и отворен дизајн може да постигне забрзување од 0-100 км/ч за само 3.6 секунди и максимална брзина од 282 км/ч.

Моделот е подготвен за на тркачка патека и располага со систем за контрола на тракцијата со шест режими на работа. Kога ESP системот е деактивиран, ротирачкиот прекинувач лоциран на левата страна од воланот дозволува возачот да може да го одреди процентот на пролизгување на тркалата од 1 до 12%.

Цената за еден од 60-те примероци кои ќе бидат произведени ќе изнесува 109.900 евра во Германија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.