Techart подготви стајлинг пакет за новата Porsche Panamera – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Techart подготви стајлинг пакет за новата Porsche Panamera

Techart претстави стајлинг пакет за да ги исполни желбите потенцијалните купувачи на Panamera кои мислат дека дизајнот на новиот супер-седан е премногу суптилен.

Наречен GrandGT, дизајнот на бодикитот е инспириран од изгледот на 911 GT3. Пакетот вклучува преден браник со поголеми отвори за воздух и поостри лини, карбонски поклопец на моторот со отвор за вентилација и нови странични крила кои ја зголемуваат ширината на седанот за 50 милиметри на предниот и 80 милиметри на задниот дел.

Задниот дел добива изменет браник со имплементиран карбонски дифузер, а тука е и нов спојлер на вратата од багажникот. Автомобилот е поставен на големи 22-инчни фелни обвиени во 285/30 пневматици напред и 335/25 пневматици позади. Тие ја зголемуваат контактната површина од стандардниот модел, додека темната боја на фелните го нагласува агресивниот карактер на GrandGT пакетот.

Techart може исто така да го измени ентериерот според вкусот на купувачите. Примерокот на фотографиите е украсен со портокалови детали кои се со иста нијанса како шепите на сопирачките. Исто така нуди помал и постпортски волан.

GrantGT бодикитот може да биде монтиран на сите изведби на Panamera, почнувајќи од основниот па се до врвниот мдоел Turbo S E-Hybrid.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.