Toyota додаде двобојна Bi-Tone изведба во палетата на Auris – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota додаде двобојна Bi-Tone изведба во палетата на Auris

Почнувајќи од следниот месец, Toyota ќе нуди нова Bi-Tone изведба на Auris компaктниот и караванскиот модел која ќе биде достапна во Pearl White бела, Tokyo Red црвена и Granite Grey сива боја со црни детали.

Со додавањето на Bi-Tone изведбата, Toyota сака на купувачите да им понуди малку поразличен изглед и се надева дека ќе го направи моделот уште попопуларен во Европскиот Ц-сегмент. Покрај претходно споменатите бои, изведбата доаѓа со црно-сребрени 17-инчни алуминиумски фелни и црни капаци на ретровизорите, црн покрив, црна предна решетка и црн кровен спојлер.

Истите елементи ги добиваат и компактната и караванската верзија, во сепак, втората добива и црни кровни шини. Дополнително, како опција ќе бидат достапни и црни странични прагови. Сите изведби на Auris сериски се опремени со безбедносниот Toyota Safety Sense пакет, кој содржи детекција за можен судир, известување за напуштање на коловозната лента, автоматско соборување на долгите светла и препознавање на сообраќајни знаци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.