full screen background image
Search

Mercedes-Benz ги освежи CLA и CLA Shooting Brake

Германскиот премиум бренд ги освежи седан и караван изведбите на CLA по примерот на веќе подновената A-class, со цел да ги направи поатрактивни за потенцијалните купувачи.

Разликите опфаќаат нови браници, дијамантска решетка на ладилникот, нова графика на предните и задните светлосни групи, како и избор од нови дизајни на алуминиумски фелни. Во кабината се додадени нова гама на опции за тапацирот и украсните детали, како и хромирани контроли, а тука е и потенок средишен дисплеј.

sagsdrg

Моделот од сега ќе доаѓа со нови технологии како сигурносен систем за активно асистирање за сопирање, Hands Free Access систем кој овозможува багажникот да биде отворен без никаков физички контакт и опционалните LED светлосни групи со високи перформанси кои светат во потопла боја од традиционалните Xenon светла.

Во Европа ќе се нуди со поголем број на поонски единици вклучувајќи 1.5-литарски четири-цилиндарски дизел со 109 кс и 2.1-литарски четири-цилиндарски дизел кој развива 136 кс и 177 кс. Изборот на бензински мотори содржи 1.6-литарски четири-цилиндрен агрегат со 122 кс и 156 кс, како и 2.0-литарски четири-цилиндарец кој испорачува 184, 211, 218 и 381 кс.

safesgfrsdg

Mercedes тврдат дека успеале да го направат CLA 45 AMG уште поаеродинамичен, благодарение на новиот дизајн на спојлерот на багажникот, предниот браник со сплитерот и задниот дифузер кој располага со четири вертикални перки. Во понуда е и опционален аеродинамички пакет за оние кои сакаат да бидат повпечатливи. Тој содржи поголем преден сплитер, дополнителни крилца и црн AMG спојлер.

Стандардните модели добиваат нова боја во понуда, Canvasite сина металик, а Mercedes нуди и избор од пет 18-инчни алуминиумски дизајни. AMG моделите може да бидат опремени и со 19-инчни тркала.

Поврзано:   Mercedes-Benz подготвува нов SL!

Обновениот Mercedes-Benz CLA ќе пристигне на Европскиот пазар од наредниот месец.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.