Toyota GT86 добива посвеж стајлинг и подобрувања – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota GT86 добива посвеж стајлинг и подобрувања

Јапонскиот бренд го поднови GT86 за 2017та година со редизајн на екстериерот, поквалитетни материјали и понова технологија, но не и повеќе сила.

Естетските промени почнуваат од предниот дел, со поголем централен отвор за вентилација на браникот, како и нови магленки и LED предни светлосни групи. Измените на задниот дел се поограничени. Новитетите ги опфаќаат новите задни светла и малку изменетиот заден браник, а во понуда се додадени и нови алуминиумски фелни.

Промените во кабината се поопширни, со цел да го подобрат амбиентот. Во опција е додаден кожен и Alcantara тапацир, кој исто така се протега на централната конзола и панелите од вратите. Тука е и нов волан, како и опција за контрастни сребрени шевови на седиштата.

2017-Toyota-GT-86-3

Погонската единица останува непроменета. 2.0-литарскиот четири-цилиндарски боксер агрегат со 200 кс и 206 Nm продолжува да си ја врши својата работа. Сепак, суспензијата претрпела промени со цел да се добие полесна контрола и зголемена агилност.

Цените и целосните спецификации сеуште не се објавени, но покрај малите измени ние не би очекувале голема разлика од досегашната цена од 33,000 евра.

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.