full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Genesis го најавува новиот New York Concept

Наречен едноставно New York Concept, автомобилот кој Genesis го најавува за саемот на автомобили во Њу Јорк најверојатно ќе биде најмалиот седан во гамата на луксузниот корејски бренд.

Според она што го најавуваат од Genesis, новиот модел ќе биде „спортски седан со четири врати со атлетска елеганција.“ Новиот концепт би требало да биде можност да погледнеме малку кон иднината на Genesis и во идниот дизајнерски јазик на премиум огранокот на Hyundai. Официјални претставници од Hyundai веќе потврдија дека Genesis ќе добие свој натпреварувач во Д-сегментот со амбиции да се бори со BMW 3, Mercedes-Benz C-Class и Audi A4.

Серискиот модел кој би требало да биде резултат на овој концепт најверојатно ќе го носи името G70, а Genesis веќе најави планови да понуди неколку изведби на моделот, вклучувајќи и кросовер. Премиерата е закажана за 23ти Март, а серискиот модел ќе им се придружи на G90 и G80 кои ги заменија Hyundai Equus и Genesis, соодветно кога Genesis и официјално се издвои како засебен бренд.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.