full screen background image
Search

Најновиот Renault Megane пристигна во салонот на Automotive Group!

Најновата, четврта генерација на францускиот Renault Megane од денес е изложен во салонот на Automotive Group во Скопје.

Елегантните форми, префинетите линии и безкомпромисните можности му даваат на новиот Renault MEGANE препознатлив дизајн и самоуверен стил. Во ентериерот можете да добиете 8.7-инчен мултимедијален екран со R-Link, можност за избирање на режимите на возење, и уште многу други технологии. Луѓето од Renault се особено горди и на системите за асистенција при возењето, меѓу кои ги истакнуваат системот за препознавање знаци и предупредување на пречекорување на брзината, систем за слободно паркирање, активниот темпомат, итн.

За аудиофилите, тука е Megane BOSE едицијата која доаѓа со централен преден звучник, осум звучници низ патничката кабина и сабвуфер сместен во багажникот. Секако, тука се и GT Line моделите наменети за оние кои сакаат повеќе спортска агресивност и динамичен изглед. Најмоќниот мотор во понудата во моментов е 205-коњскиот GT кој се нуди во комбинација со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Тука се и останатите бензински и турбодизел мотори. Цените започнуваат од 16.290 евра за основниот 1.6-литарски Life SCe со 115 коњски сили, додека основниот турбодизел ја носи ознаката Life Energy dCi, има 90 коњски сили и чини 18.690 евра. Како што веќе напоменавме, на врвот на понудата е GT 205 EDC, а тој чини 31.790 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.