Новиот Renault Megane RS ќе има над 300 кс и „сензуален“ дизајн – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Renault Megane RS ќе има над 300 кс и „сензуален“ дизајн

Францускиот бренд потврди дека новата генерација на Megane RS ќе биде помоќна од било кога, а исто така ќе се одликува со префинет дизајн.

Директорот за дизајн на Renault – Стефан Јанин изјавил за магазинот Autocar дека новата Renault Sport изведба од актуелната генерација на Megane нема да оди по претерано агресивните стапки на Civic Type R. Наместо тоа, моделот ќе добие чисти линии и поскладни форми.

Според него, духот на брендот Renault не е агресивноста. Нивната цел е да направат моќен производ со едноставни и сензуални облици. Тоа се обиделе да го направат и со следниот RS, што според нив е дури потешко одколку да го направат што е можно поагресивен. Најтешката работа е да се најде идеалниот баланс, но тие мислат дека успеале да го постигнат тоа.

Иако дел од конкурентите како Focus RS веќе се префрлија на погон на сите тркала, Renault Megane RS останува на конфигурација со преден погон и ќе продолжи во потерата кон Volkswagen Golf GTI Clubsport S за најбрз автомобил со преден погон на патеката Нирбургринг.

За да се осигура дека новиот Megane RS е побрз од неговите претходници, новиот спортски компакт ќе биде опремен со управување на сите тркала и 2.0-литарски турбо-бензински агрегат кој произведува над 300 кс. Тој ќе биде усогласен со шест-степена мануелна трансмисија, а како опција ќе биде понуден и шест-степен менувач со двојна спојка.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.