Преземањето на Opel од General Motors не ги промени плановите на PSA за продолжување на понудата на седан од D-сегментот од брендот Peugeot, чија нова генерација ќе пристигне следната година.
Следната генерација 508 ќе биде со понизок кров и по лансирањето во 2018 ќе ги предизвика новите Opel Insignia, Ford Mondeo и Volkswagen Arteon. Изгледот на претстојниот модел од надворќе биде инспириран од неодамна претставениот Instinct Concept, додека во кабината се очекува да добие помодерна и поквалитетна верзија од ентериерот i-Cockpit кој може да се најде во 3008 и 5008.
Под „кожата“, моделот ќе биде поставен на EMP2 платформата на PSA која ќе нуди попростран и покомфорен ентериер, а поддржува и plug-in хибридна технологија -што ќе му овозможи на производителот да понуди електрифицирана изведба од автомобилот.
Покрај хибридната варијанта, во палетата на мотори се очекува да се најдат помодерни верзии на моменталните бензински и дизелски погонски единици, а тука би можел да се најде и 1.6-литарскиот четири-цилиндарски турбо-бензинец со 270 кс од Peugeot 308 GTi.
Покрај продолжувањето на Peugeot со понуда на возило во D-сегментот, сестринскиот бренд Citroen ќе го напушти овој сегмент целосно, бидејќи тие немаат планови да лансираат наследник на сегашниот C5. Наместо тоа, нивниот фокус е сведен на развивање на кросоверот C5 Aircross, кој ќе биде лансиран подоцна оваа година.