Премиера: Peugeot го претстави 308 GTi; ќе се нуди со 250 или 270 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Peugeot го претстави 308 GTi; ќе се нуди со 250 или 270 коњски сили!

Францускиот бренд го претстави својот натпреварувач во класата на жешки хечбекови – 308 GTi ќе нуди 250 или 270 коњски сили од својот 1.6-литарски турбо-бензинец!

308 GTi? Што значи тоа?

Најекстремната изведба на 308 – моделот GTi – ќе се нуди во две варијанти. Едната изведба ќе нуди 250 коњски сили, додека другата ќе нуди 270 коњски сили. Обете варијанти имаат на располагање 330 Nm вртежен момент. Силата кај обата модели доаѓа од 1.6-литарски THP турбо бензинец, а се пренесува кон предните тркала преку 6-степен мануелен менувач. Помоќната верзија ќе добие и Torsen диференцијал со ограничено пролизгување.

Во ред, а перформансите?

Доколку се решите за верзијата со 250 коњски сили, можете да очекувате 100 километри на час за 6.2 секунди, а кај помоќната верзија истиот бенчмарк се постигнува за рамно 6 секунди. Обете верзии имаат електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час, а Peugeot ветува просечна потрошувачка од 6 литри на 100 километри според NEDC.

Што да очекувам од возните својства?

308 GTi е 11 милиметри поблиску до подлогата, но истовремено е поширок како напред, така и позади. Предната трага изнесува 1570 милиметри, а задната е 1554 милиметри. GTi 250 носи 18-инчни тркала, а GTi 270 носи 19-инчни тркала. Напред има 380-милиметарски дискови со Peugeot Sport ознаки.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.