full screen background image
Search

Alfa Romeo во Кина продаде 350 примероци од Giulia за само 33 секунди!

Луксузниот Италијански бренд потпиша стратешко партнерство со Tmall на Alibaba за онлајн рекламирање и продажба на своите автомобили во Кина.

На прес конференција во Хангзоу, двете страни изјавија дека Tmall ќе биде единствен авторизиран Интернет канал за Alfa Romeo во Кина. Tmall е всушност најголемата „бизнис кон корисник“ трговска платформа во земјата. Објавата беше направена веднаш пред дебитирањето на Италијанскиот бренд на Tmall, за време на кое се распродадени сите 350 понудени Giulia Milano автомобили уште во првите 33 секунди.

За да го прослави големото лансирање, Alfa Romeo им ги понуди примероците од ограничената серија Giulia Milano со цена од 62,900 долари на Кинеските купувачи. Пред продажбата, Tmall регистрирале дури 20,000 пребарувања за моделот Alfa Romeo Giulia. Италијанскиот бренд потоа додаде дополнителни 60 примероци од моделот Giulia QV по цена од 149,000 долари.

Новото партнерство следи по минатогодишниот успех на сестринскиот бренд на Alfa Romeo – Maserati на Tmall. Maserati ја отвори својата продавница на Tmall во истиот ден минатата година и ги продаде сите понудени 100 примероци од кросоверот Levante во само 18 секунди.

Само во 2016 година, над 30 автомобилски производители започнаа со продажба на нови автомобили на Tmall. Во текот на спектакуларната онлајн продажба на 11.11.2016 продадени биле околу 100,000 автомобили од домашни и странски брендови на интернет страните на Alibaba.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.