full screen background image
Search

Вечерно Кино: Иднината започна – сите BMW Group Vision возила на едно место

Со краткото видео, BMW Group ја најавува својата корпоративна иднина, и на за прв пат едно место ги прикажува Vision моделите од BMW, MINI, Rolls Royce и BMW Motorrad.


„The Next 100 Years визијата беше многу повеќе од едноставно прославување на годишнината на нашата компанија. Нашата филозофија за константно гледање кон иднината и поставување високи стандарди за иновација е она што го движи секојдневното работење на BMW Group. Во новиот филм A New Era ја потенцираме оваа идеја и ја адаптираме кон нашата корпоративна стратегија во месеците и годините кои доаѓаат.“ – рече челникот за комуникации во BMW Group, Bill McAndrews.

Краткиот филм е сниман во Лос Анџелес и Бангкок, и се фокусира на иднината на мобилноста, автономното возење, безбедноста и индивидуалноста, но и возилото како секојдневен сопатник.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.