Škoda објави рекордни резултати за 2016 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda објави рекордни резултати за 2016

Чешкиот бренд продолжува да ниже успеси – 2016 беше рекордна година за Skoda, со 6.7% повеќе испорачани возила во однос на 2015!


Чешкиот производител продолжува со незабавено темпо – тукушто се пофалија со одлични резултат за 2016-та година, и тоа како во глобалната продажба на возила, така и во финансиските резултати.

Во споредба со 2015, во 2016-тата година испораката на возила е зголемена за 6.7 проценти на 1.126.500 возила (а во 2015 биле испорачани 1.055.500 возила). Дополнително, Škoda се пофали и со зголемен обрт за 9.8% (на 13.7 милијарди евра) и зголемен оперативен профит за 30.8% (на 1.197 милијарди евра). Курсот кој Skoda го има зацртано со Strategy 2025 продолжува и понатаму, а брендот очекува уште подобра продажба оваа година благодарение на новиот Kodiaq, како и другите нови модели кои ќе ги претстави во текот на оваа година.

„Резултатите од 2016 ги надминаа нашите очекувања. Имаме три последователни рекордни години, и тоа јасно демонстрира дека нашата стратегија за оддржлив развој е успешна“ – изјави претседателот на Škoda, Bernhard Mailer, и додаде – „со Strategy 2025, конзистентно ќе го подобруваме растењето на Škoda брендот, и во овој контекст ќе го освежиме и прошириме нашето портфолио на продукти, но и ќе отвориме нови пазари, нови сегменти и можности за дигитално работење. Ќе се фокусираме и на електрификацијата на нашите возила, а првиот електричен Škoda модел ќе го лансираме во 2020. Првата најава за тоа како би можел да изгледа електричен модел на Škoda ќе ја прикажеме на саемот на автомобили во Шангај.“

Минатата година одбележа и 25 години успешно партнерство меѓу Škoda и Volkswagen групацијата – период во кој Škoda се трансформираше од регионален, во глобален бренд. Најважен новитет за Škoda минатата година секако беше Kodiaq, кој го означува почетокот на големата SUV-офанзива на чешкиот бренд. „Успехот на Škoda во 2016 секако се должи на целата работна сила. Сакаме да им се заблагодариме на нашите вработени, како и на KOVO синдикатот кои континуирано го поддржуваа растењето на компанијата“ – изјави Bohdan Wojnar, член на одборот на Škoda одговорен за човечки ресурси.

Поврзано:   Македонска премиера на освежените Škoda Scala и Kamiq

Kodiaq неодамна ја имаше и својата македонска премиера и веќе го привлече вниманието на купувачите. Наскоро и ние ќе имаме можност подобро да го запознаеме, па ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци од новиот, голем чешки SUV.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.