full screen background image
Search

Citroën E-Berlingo Multispace – практичен електричен транспортер со автономија од 170 километри

Францускиот бренд ја интензивира најавената електрификација на дел од својата гама – и тоа со практичниот, повеќенаменски E-Berlingo Multispace!

На прв поглед, автономијата од само 170 километри можеби изгледа како да е кратка – но сепак се работи за возило кое примарно е наменето да биде користено за комерцијални услови во градски средини – а за тие потреби, автономијата е сосем доволна. Секако, бидејќи се работи за Multispace изведба тоа значи дека кабината има простор за вкупно петмина, како и сиот нив багаж – на располагање стојат од 675 до 3000 литри багажен простор!

Задолжен за придвижување на E-Berlingo Multispace е истиот електричен погон како и кај комплетно-комерцијалната изведба на електричното Berlingo. Тоа значи електромотор кој испорачува 66 коњски сили и 200 Nm вртежен момент, и 22.5 kWh батерија поставена во засебен дел близу до задната оска. Поставеноста на батеријата гарантира дека нема да биде направен никаков компромис со просторот кој се нуди во кабината, а со брз полнач до 50% од батеријата може да се наполни за само 15 минути.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.