Новиот Škoda Kodiaq и освежената Octavia пристигнаа во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Škoda Kodiaq и освежената Octavia пристигнаа во Македонија!

Пред само неколку моменти заврши македонската презентација на новиот SUV на Škoda – Kodiaq – како и освежената Octavia!

Новиот Kodiaq е значаен модел за Škoda – по успехот на Yeti, но и зголемената популарност и побарувачка за големи семејни SUV автомобили со можност за седум седишта, чешкиот производител го претстави Kodiaq кој уште при своето деби го привлече вниманието на јавноста.

Пред само неколку моменти заврши македонската презентација на новиот Kodiaq, како и освежената Octavia. Škoda Octavia веќе добро ја познаваме, и таа продолжува да ги нуди истите вредности и квалитети како и досега – Octavia е веќе докажана на нашиот пазар и е еден од најпродаваните автомобили во Македонија. Освежената Octavia доаѓа со нови предни светла, како и нов Škoda Connect инфозабавен систем. Во понудата се наоѓаат четири бензински и четири дизел мотори, а цените започнуваат од 14.330 евра за Skoda Octavia 1.2 TSI со 85 коњски сили во Active ниво на опрема.

„Škoda со првиот голем SUV влегува во сосема нов сегмент и освојува нова група на купувачи. Новиот Kodiaq е навистина силен и го прави брендот уште попривлечен благодарение на новиот концепт, фасцинантниот дизајн, лесното поврзување, големата удобност, безбедност и достапноста на информациите во реално време. Технологијата која се вградува во Kodiaq е својствена за повисоката класа на возила, па затоа новиот SUV на Škoda е на врвот во својот сегмент.“ – изјави г-дин Миле Станчев, бренд менаџерот за Skoda.

Во Македонија Škoda Kodiaq е ќе се нуди со пет мотори – и тоа два TDI турбодизели и три TSI турбо-бензинеци. Понудата започнува со Kodiaq опремен со 1.4-литарскиот TSI со 125 коњски сили, мануелен менувач и погон на предните тркала во Active ниво на опрема кој чини 21.830 евра. Основниот дизел со 15о коњски сили во комбинација со DSG автоматски менувач и погон на предните тркала чини 28.090 евра. Врв на понудата е Kodiaq 2.0 TDI со 190 коњски сили, кој се нуди со погон на сите четири тркала, DSG менувач со двојна спојка и Style ниво на опрема и чини 38.040 евра.

Поврзано:   ТЕСТ: Škoda Enyaq Coupé 85 Sportline - Добро-позната, но сосем поинаква Škoda!

Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност подобро да го запознаеме новиот Škoda Kodiaq!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.