full screen background image
Search

Bugatti Chiron ја доби 250-тата нарачка – половина од целосното производство

Само една година по претставувањето на Chiron, од Bugatti со радост изјавија дека веќе добиле 250 нарачки за хиперавтомобилот.

Повеќето од договорите биле потпишани без тест возења, но ова ќе се смени со одржувањето на глобалниот тест настан на крајот на Март. Исто како Veyron, новиот Chiron го купуваат најмногу Европски клиенти, па што 37 проценти од продажбите доаѓаат од стариот континент. Вториот поголем дел од 30 проценти оди во Северна Америка, додека 26 проценти од нарачките потекнуваат од Средниот Исток.

Bugatti велат дека производството ќе биде строго ограничено на само 500 примероци. Со 250 веќе продадени, сеуште имате добра шанса за да купите еден примерок кој чини најмалку 2.53 милиони долари, но ќе треба да чекате најмалку три години за да го добиете вашиот автомобил.

Ова е само една година по претставувањето на Chiron на минатогодишното издание на автомобилскиот саем во Женева. Оваа година, Bugatti го изложи примерокот од фотографиите, кој е создаден за Германски клиент. Неговиот избор на бои содржел сино обоен карбон за екстериерот и двобоен ентериер со темно сина и French Racing сина боја.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.