full screen background image
Search

Еуроимпекс повторно го застапува Peugeot на интернационалниот саем за автомобили во Белград

Нашите пријатели од Еуроимпекс се регионални застапници за Peugeot веќе три години, а втора година успешно ја претставуваат гамата на францускиот бренд на Интернационалниот Саем на Автомобили во Белград!


Моделите на брендот (кои се во просек помлади од три години) го заземаа почесното место во хала бр.1, каде со својата елеганција, робустност и уникатен дизајн ги привлекуваа погледите на сите присутни. Оваа година импресивниот штанд на Peugeot поставен по најновите стандарди на принципалот е фокусиран на SUV програмата на брендот.

Оваа година, меѓу најважните настани се премиерата на новиот Peugeot 5008 (кој ние неодамна го запознавме и го возевме во Португалија), освежениот Peugeot 2008, како и новиот Peugeot 3008 кој се закити со неколку награди, меѓу кои Европски Автомобил на Годината за 2017, Автомобил на Годината во Србија, SUV на Годината во Србија, а не смееме да го заборавиме ниту импресивниот 1-2-3 финиш на овогодинешниот DAKAR.

Во Белград, Peugeot ги претстави и 308 и 308 SW, 108 и 208, како и неодамна редизајнираниот 301 и големиот 508. За оваа прилика, импортерот обезбеди тест возила кои се лоцирани пред Халата бр.1, каде потенцијалните клиенти можат веднаш да направат тест возење и да се уверат во квалитетот на Peugeot возилата.

„Тимот на Еуроимпекс е фокусиран кон зајакнување на укажаната доверба од принципалот за регионален застапник на брендот. Во изминатите неколку години успеавме да обезбедиме одличен пласман и зголемување на уделот на регионалниот пазар. Веруваме во брендот и неговиот развој. Интернационалните успеси во последниве месеци говорат за технолошките иновации, современиот дизајн, високиот степен на ергономија и безбедност како и за можноста на персонализација што ги прави моделите на Peugeot совршен избор и за најпребирливите клиенти.“ – изјави Даниел Воиновски, генерален директор на Еуроимпекс.

Поврзано:   Пристигна освежениот Peugeot 3008!

Чест ми е да присуствувам на еден ваков настан, особено поради фактот што Новиот Peugeot 3008 SUV ја доби наградата „Автомобил на годината во Србија“, веднаш по освоената награда за „Европски Автомобил на годината“ како и 20 други награди и признанија насекаде во Светот! Peugeot е целосно посветен на врвниот квалитет кој што го нудат SUV моделите кои што се всушност срцето на интернационалната експанзија на самиот бренд. Бидејќи како што веќе знаете SUV сегментот во Европа се зголеми за 2,5 пати повеќе во изминативе 6 години – а Peugeot планира да ја има главната улога во овој сегмент, благодарение на 2 производи со многу силни адути. Оваа офанзива гордо го исполнува ветувањето кое што го дадовме на нашите клиенти: да им понудиме ревитализирачко возачко искуство, како и интензивирани емоции зад управувачот.“ – изјави г-динот Жан Кристоф Каландот Директорот на Automobiles Peugeot за централна и јужна Европа.

Генералниот увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија – Еуроимпекс, на негово огромно задоволство ги прикажа моделите на Peugeot за кои е сигурен дека ќе бидат вистинскиот избор за потенцијалните клиенти, со посебен акцент на SUV класата на возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.