Во Јужна Кореја за тест возење на Tesla се чека и до 6 месеци! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Јужна Кореја за тест возење на Tesla се чека и до 6 месеци!

Tesla започна со продажба на своите автомобили во Јужна Кореја, а бројот на заинтересирани кои закажале тест возење е толку голем што многу од нив ќе треба да чекаат и до половина година за да го пробаат моделот.

Првите продажни места на авотмобилите на Tesla во оваа земја се отворени во квартот Гангнам во Сеул и во градот Ханаму. Во почетокот на купувачите ќе им биде понуден исклучиво Model S 90D со батерии од 90 киловат-часа, два електромотори и погон на сите четири тркала.

Двата продажни салони имаат на располагање 10 тест возачи за клиентите, но поради огромен интерес, последните кои закажале пробно возење ќе треба да чекаат за неа дури до Септември. Тоа е подолго од чекањето на оние кои во Март ќе се одлучат да го купат и нарачаат својот автомобил. Tesla S ќе стигне пред нивниот дом веќе во Јуни.

 

Моментално во Сеул постојат 294 јавни полначи за електрични возила, а во цела Јужна Кореја има вкупно 2,526. Од своја страна, Tesla најави дека за почеток ќе инсталира 2 суперполначи во Сеул до крајот на оваа година.

Сепак, Model S не ги исполнува тамошните услови за субвенција од 12,400 долари, која ја пропиша Јужнокорејското Министерство за животна средина за купување на еколошки автомобили. Па затоа купувачите на моделот на Tesla ова возило ќе ги чини најмалку 107,000 долари.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.