full screen background image
Search

Peugeot 3008 е прогласен за Европски Автомобил на Годината за 2017!

Популарниот нов француски SUV пред само неколку минути официјално беше прогласен за Европски Автомобил на Годината за 2017!

Жирито кое го одбира Европскиот Автомобил на Годината пред само неколку минути официјално го објави победникот – и оваа година титулата отиде во рацете на Peugeot, односно новиот Peugeot 3008! Со истата награда пред неколку години се закити и Peugeot 308, а оваа година новиот SUV ја освои титулата меѓу навистина моќна конкуренција.

Оваа година, финалисти беа Alfa Romeo GiuliaCitroen C3Mercedes-Benz E-ClassNissan MicraPeugeot 3008Toyota C-HR и Volvo S90 & V90. Сепак, титулата му припадна на новиот француски SUV, а победата беше прогласена пред само неколку минути во рамките на Саемот на Автомобили во Женева. Секој од членовите на жирито имаше по 25 поени кои можеше да ги подели како сака, но мораше да ги даде на најмалку 5 кандидати.

Дополнување: Peugeot 3008 освои вкупно 319 поени, веднаш зад него со 296 поени е новата Alfa Romeo Giulia, а Е-Class на Mercedes-Benz заврши на третата позиција со 196 поени.

Честитки до Peugeot за освоената престижна титула!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.