full screen background image
Search

Регулаторна: Вечерва горивата поскапуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите цени на горивата – од вечерва ќе купуваме поскапи горива!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.25 проценти. Преведено, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 67 односно 69 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се зголемува, но за 1.5 денари. Од вечерва на полноќ еден литар дизел гориво ќе чини 54 денари.

Како што напоменавме, новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.