full screen background image
Search

Официјално: Новите хечбек и караван изведби од Fiat Tipo

Неколку месеци по претставувањето на седан изведбата на Tipo, Fiat ја надополнува гамата со компактна и караванска верзија.

Хечбек изведбата е најзначајна за Европскиот пазар, а Италијанскиот бренд играл на сигурна карта со нејзиниот дизајн. Дизајнот е прилично конзервативен без експериментирање, како што веќе видовме кај седанот. Сепак, во задниот дел продолжениот багажник е заменет со поисправено задно ветробранско стакло со петта врата и светлосни групи во форма на бумеранг.

fiat_tipo_station_wagon_1

Третиот член, караванската изведба располага со продолжен покрив, трет страничен прозорец, зголемен багажен простор, идентични светла како компактот, како и нови кровни шини кои се вообичаени за секој караван во денешно време.

Погонските единици за двата модел ќе бидат преземени од седанот. Тука се вклучени два Multijet II дизели и два бензински агрегати со сила помеѓу 95 кс и 120 кс, достапни со пет или шест-степени мануелни или шест-степен автоматски менувач.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.