full screen background image
Search

Новиот Mercedes-Benz C-Class Convertible блесна во Женева!

Mercedes-Benz ја претстави кабриолет верзијата од новиот C-Class на отварањето на автoмобилскиот саем во Женева.

Моделот плени со стилот на поголемиот брат S-Class Convertible, носејќи го истиот елегантен дизајн на покомпактна каросерија која е поставена на Mercedes-овата модуларна архитектура со заден погон која ја дели со C-Class Sedan и Coupe.

Мекиот покрив исто така е базиран на оној кој се користи кај S-Class кабриолетот. Може да се отвори и затвори за помалку од 20 секунди до брзина од 50 км/ч. Доаѓа во понуда со избор од темно кафена, темно сина, темно црвена или црна боја.

Mercedes-C-Class-Cabrio-11

Ентериерот со четири седишта е идентичен како кај купе верзијата, со исклучок на додавањето на стандардните автоматски продолжувачи на појасите како и опција за кожни седишта со греачи и греење во пределот на вратот.

C-Class Convertible ќе пристигне во претставништвата во понуда со шест бензински мотори, од 1.6-литарски четири-цилиндарски турбо агрегат со 156 кс кај C180, до 3.0-литарски твин-турбо V6 агрегат со 362 кс кај C43 AMG 4MATIC варијантата.

Бензинскиот C200 и дизелскиот C220 d ќе бидат опционално достапни со Mercedes-овиот 4MATIC погон на сите тркала, додека сите погонски единици можат да бидат усогласени со новата 9G автоматска трансмисија со 9 степени, како и опционална AIRMATIC воздушна суспензија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.