Премиера: Audi го претстави новиот Q2 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Audi го претстави новиот Q2

Суб-компактниот SUV на Audi нуди нов, храбар дизајн кој можеби нема секому да се допадне, но е наменет за помладите и подинамични купувачи!

Според Audi, новиот Q2 е „урбано возило за секојдневно возење и рекреација, кое комбинира прогресивен дизајн со високо ниво на функционалност.“ Новиот Q2 е своевиден одговор на критиките дека моделите од Инголштад премногу наликуваат еден на друг, но истовремено Audi ќе се обиде да привлече помлада генерација на купувачи преку похрабриот дизајн.

Q2 е долг 4.12 метри, широк 1.79 метри, висок 1.51 метар, но има меѓуоскино растојание од одлични 2.6 метри. Ќе може да се нарача со 6 различни турбо-бензински и турбо-дизел мотори, кои нудат меѓу 116 и 190 коњски сили. „Вовед“ во Q2 е 1-литарскиот TFSI турбо-бензинец со три цилиндри, а над него се 1.4 и 2-литарските мотори со четири цилиндри кои ги заокружуваат бензинците. Очекувано, турбодизелите се со зафатнина од 1.6 и 2 литри.

Купувачите ќе можат да одберат меѓу мануелен или S-Tronic автоматски менувач со двојна спојка и седум степени на пренос. Иако Q2 е примарно дизајниран да биде со погон на предните тркала, врвните мотори во понудата ќе можат да се нарачаат и со Quattro погон на сите четири тркала. Меѓу другото, купуваќите ќе можат да нарачаат и адаптивна суспензија со неколку различни режими на работа.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.