full screen background image
Search

Renault се враќа во борбата – претставен новиот Talisman

Новиот голем седан на Renault носи со себе целосно нови дизајн, но и целосно ново име – францускиот бренд го претстави новиот Talisman!

Renault е во вистинска офанзива – по одличното Twingo и новиот Kadjar, францускиот бренд го претстави својот нов знаменосец. Новиот голем седан ќе се вика Talisman и има цел да се впушти во борба со германските конкуренти.

Главното внимание е посветено на чувството во ентериерот, но исто толку внимание имаат добиено и економичноста, ниската емисија на штетни гасови и забавата зад воланот. Сега за сега за придвижување на големиот седан ќе бидат задолжени турбо-бензински и турбо-дизелски мотори, но не се исклучува опцијата за понуда на хибридна или пак целосно електрична варијанта. Бензинците ги носат ознаите TCE 150 и Energy TCE 200, додека турбодизелите имаат ознака dCI 110, dCI 130 и dCI 160. Најверојатно најинтересна изведба ќе биде dCI 160 која носи 1.6-литарски турбодизел со твин-турбо-полнење, а TCE 200 бензинецот го носи истиот 1.6-литарски турбо-бензинец од Renaultsport Clio.

Во понудата ќе се најдат шест-степен мануелен и 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Бидејќи се работи за Renault, можеме да очекуваме и интерсни и иновативни технологии, како и напредни безбедносни системи. Наскоро ќе знаеме повеќе за Talisman.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.