full screen background image
Search

Официјално деби на Hyundai Creta

Корејскиот производител и официјално го претстави малиот SUV со името Cretа.

Малиот SUV на Hyundai името го влече од грчкиот остров Крит, и сега за сега ќе се нуди само на Индискиот пазар. Сепак, иако Creta на почетокот ќе се продава само во Индија, корејскиот производител не ги крие амбициите да го понуди овој мал автомобил и на други интернационални пазари, вклучувајќи го и европскиот.

Во Индија ќе се нуди со три мотори – 1.6-литарски бензинец со 123 коњски сили, или пак ако сакате дизел – 1.4-литарски или 1.6-литарски турбодизел со 128 коњски сили. Сите верзии се комбинираат со 6-степен мануелен менувач, а поголемиот турбодизел може да се добие со 6-степен автомати.

Интересен детал е што сега за сега Hyundai не објавува со каков погон ќе се нуди Creta, но со оглед на директната конкуренција можеме да очекуваме дека ќе се нуди со погон на предните или пак со погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.