full screen background image
Search

Mansory подготви сталинг и тјунинг пакет за Porsche Macan

Малиот SUV на Porsche доби пакет за персонализација од Mansory, кој покрај екстремниот бодикит нуди и зголемување на перформансите!

Веднаш се забележуваат агресивните браници, страничните прагови, новите отвори за воздух, проширените крила и многуте други детали. Задниот дел крие и издувен систем изработен од нерѓосувачки челик, а автомобилот се движи на 22-инчни моноблок тркала. Висината на возилото може да се регулира за 4 сантиметри благодарение на воздушната суспензија.

mansory-macan-rear

Секако, модификациите не се само естетски – тука се и зајакнатите перформанси. Macan Diesel S сега има на располагање 301 коњска сила и 700 Nm вртежен момент, а 3.6-литарскиот V6 Turbo сега има 457 коњски сили и 650 Nm вртежен момент.

На бензинецот му се потребни само 4.5 секунди за да постигне 100 километри на час, и ќе продолжи да забрзува сè до 274 километри на час, додека дизелот стига „до стотка“ за 5.6 секунди и има максимална брзина од 260 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.