Вчеравечер, на гала настан ја обединивме автомобилската индустрија и свечено ги доделивме овогодинешните награди Златно Тркало за Најпосакувани Автомобили во Македонија.
Наградите Златно Тркало стануваат традиција во Македонија, а како и досега, циклусот го заокружуваме со свеченото доделување на признанијата.
Како што веќе знаеме, оваа година имаме победници во четири категории – Renault Clio e Најпосакуван Градски Автомобил, Opel Frontera е Најпосакуван Семеен Автомоби, Lynk & Co 08 е Најпосакуван Електрифициран Автомобил и новиот Audi Q5 е Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија.
На вчерашниот гала-настан ги обединивме претставниците од автомобилската индустрија во Македонија и во пригоден амбиент ги доделивме наградите. Посебна чест ни направи и Игор Стефановски – Иџе, кој најверојатно е еден од најдобрите амбасадори на Македонија на глобалната автомобилистичка сцена. Токму затоа, тој годинава го доби специјалното признание за особен придонес за промоција на Македонија на глобалната автомобилска сцена.
Изборот Златно Тркало го организираме заедно со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk. Им благодариме на сите учесници, но особено сме благодарни на вас – нашата публика и нашите читатели – кои веќе со години активно учествувате во изборот и гласате за вашите фаворити.
Новиот циклус веќе започнува – и ветуваме дека идната година ќе биде уште поинтересно.

















