full screen background image
Search

Рекорд за Honda Civic Tourer – потрошувачка од само 2.82 литри на 100 километри!

Honda Civic Tourer помина 13.498 километри низ 24 земји од Европската Унија и потроши во просек само 2.82 литри дизел гориво на 100 километри!

Honda постави нов Гинисов Рекорд – го освои рекордот за „Најниска Потрошувачка низ сите 24 ЕУ Земји“. Автомобилот и неговите возачи поминаа 13.498 километри за што им беше потребен скоро цел календарски месец – тргнаа од Аалст во Белгија на 1ви Јуни и се вратија на истата локација на 25ти Јуни. Според правилата, обата возачи требало да бидат во автомобилот за време на целото патување. Секој ден возеле по 7.5 часа и поминувале во просек по 600 километри.

Guinness World Records

Во просек, автомобилот поминувал по 1500 километри со еден резервоар гориво. Секако, тука зборуваме за економичниот 1.6-литарси i-DTEC турбодизел кој Honda го вградува во Civic.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.