full screen background image
Search

Infiniti Q60 Concept – Најава за идните сериски модели на јапонскиот премиум бренд!

Луксузниот огранок на Renault-Nissan ја објави првата официјална фотографија од новиот Q60 Concept – модел кај кој дебитираат детали од идните сериски модели на брендот!

Концептот „позајмува“ детали од другите модели на брендот, и може да се забележат детали кои иако најверојатно нема да ги видиме во сериско производство, сепак изгледаат интересно – ја издвојуваме аеродинамичната „перка“ позади предните крила која служи за подобро насочување на воздухот, а е позајмена од Q50 Eau Rouge спортскиот седан.

Новиот Q60 Concept има остри линии и рачно-изработен ентериер, но сега за сега од него немаме фотографии. Ниската и широка каросерија ветува динамично возење – а сето тоа интересно го дополнуваат големите 21-инчни тркала инспирирани од елисите на авионски турбини.

Сега за сега нема технички детали, но тие ќе ги добиеме на 13ти Јануари за кога е закажана и официјалната премиера. Според она што го кажуваат од Infiniti, серискиот модел нема да изгледа многу различно од концептот. Според директорот за дизајн на Infiniti – Alfonso Albaisa – Q60 Concept е „многу многу блиску до следниот Q60.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.