BMW го претстави M4 Iconic Lights; концептот користи нови ласерски светла! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го претстави M4 Iconic Lights; концептот користи нови ласерски светла!

Иако BMW i8 беше првиот сериски автомобил со ласерски светла, сепак баварскиот производител е подготвен да продолжи со нови технологии за ласерско осветлување!

Новиот M4 Concept Iconic Lights има нова генерација напредни ласерски долги светла кои можат да понудат до 600 метри осветлување пред возилото. Работат во соработка со системот против заслепување кој ќе се погрижи возилата кои се пред вас или доаѓаат од спротивната насока да не бидат заслепени и ефективно ја елиминира потребата да ги „спуштите долгите светла“ кога возите.

Истовремено, концептот има и OLED задни светла кои произведуваат светлина од многу тенки полупроводни слоеви на органски материјал. Ова е прв пат OLED технологија да се користи за задните светлаи за трепкачите – и според BMW овие OLED елементи се дебели само 1.4 милиметри. Според извори во BMW, првиот модел на BMW кој ќе добие OLED задни светла ќе биде M-модел закажан за 2016-тата година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.