full screen background image
Search

Премиера: Volkswagen Golf R Touch – Екстремен, мултимедијален Golf!

Golf R Touch е дизајниран да биде предвесник за ентериерите на идните модели на Volkswagen – и иднината е дигитална и чувствителна на допир!

Новиот Infotainment систем кој е поставен во Golf R Touch е дизајниран да ги намали деталите кои му го одземаат вниманието на возачот, и покрај тоа што има навистина многу функционалност. Многу од командите се достапни преку екраните чувствителни на допир и сензорите кои го детектираат движењето на возачот.

Golf R Touch Има голем, 12.8-инчен екран со висока резолуција кој е чувствителен на допир поставен во централната конзола, а под него има уште еден, 8-инчен Control Center екран преку кој се контролираат клима уредот, медијата и функциите на возилото. Дополнително, инструментите пред возачот се заменети со 12.3-инчниот дисплеј со кој веќе се запознавме кога го возевме новиот Volkswagen Passat.

Од Volkswagen кажуваат дека централниот дисплеј и Active Info дисплејот имаат дизајн кој може да се персонализира – наводно исто толку едноставно како на таблет. Системот кој ги препознава гестикулациите на возачот користи 3D камера инсталирана во кровниот тапацир – и кога возачот ќе го допре кровот, дигиталните контроли ќе се појават на главниот екран. Со движење на раката од напред кон позади се отвора сончевиот кров, а со обратното движење се затвора. Слични контроли се користат и за седиштата.

На крајот, Volkswagen го комплетира Golf R Touch со он-борд амбиенталното осветлување кое може да биде во 16.7 милиони различни бои. Интересни технологии, кои со сигурност наскоро ќе ги видиме и во сериските модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.