Официјално: Претставен новиот Lexus GS F – доаѓа со 5-литарски V8 и 473 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Претставен новиот Lexus GS F – доаѓа со 5-литарски V8 и 473 коњски сили!

По неодамнешната најава, луксузната рака на Toyota и официјално го претстави новиот Lexus GS F – автомобилот со кој Lexus ќе му се спротивстави на германскиот естаблишмент на супер-седани!

Очекувано, главните конкуренти на Lexus GS F ќе бидат BMW M5 и Mercedes-AMG E63. Како оружје во таа борба, Lexus GS F ќе носи 5-литарски атмосферски V8 кој испорачува 473 коњски сили и 527 Nm вртежен момент – бројки кои малку каскаат зад 550-те коњски сили на BMW M5, односно 557 коњски сили кај E63 AMG. Дополнително, новиот борец на Lexus малку заостанува и кај вртежниот момент – двата германски турбополнети мотори нудат 677, односно 720 Nm вртежен момент.

Од другата страна, Lexus нуди вистинско освежување во класата – дизајнот е остар, современ и модерен а технологијата е врвна. Силата ќе се пренесува кон задните тркала преку 8-степен автоматскименувач. Иако нема објавено детали за перформансите, очекуваме тие да бидат во најмала рака конкурентни, со оглед на ѕвездите кон кои цели јапонскиот бренд.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.