full screen background image
Search

Значително намалување на цените на горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи – од вечерва на полноќ бензините поевтинуваат за 4.50 денари, дизелот за 4 денари!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи, малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 7.57%. Преведено во цени, тоа значи намалување на цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 за 4.50 денари, и намалување на цената на ЕУРОДИЗЕЛ за 4 денари.

Од вечерва на полноќ, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по цена од 65.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 67 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 56 денари. Како што напоменавме, цените стапуваат на сила вечерва на полноќ, а ќе важат следните две седмици.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.