full screen background image
Search

Ford го потврди новиот Focus RS!

Синиот овал го потврди новиот Focus RS, а од она што е најавено и потврдено – новиот Focus RS ќе нуди погон на сите четири тркала и повеќе од 300 коњски сили!

Третата генерација на Focus наскоро ќе ја добие својата ултимативна верзија – и за прв пат Focus RS ќе се нуди на сите глобални пазари, но и ќе добие погон на сите четири тркала!

Неодамна имавме можност да позборуваме со инженер од Ford кој е директно инволвиран во развојот на Focus, и тој ни потврди дека новиот Focus RS ќе има погон на сите четири тркала и „повеќе од 300“ коњски сили. Повеќе информации не успеавме да извлечеме, но од Ford потврдуваат дека „за да ја заслужи RS значката, возилото треба да биде безкомпромисна возачка машина која ќе успее да испорача извонредни перформанси на тркачката патека, но и да понуди одлично секојдневно возење.“ Според гласините, новиот Focus RS ќе го користи истиот 2.3-литарски EcoBoost турбо-бензинец кој ќе испорачува околу 350 коњски сили.

Новиот Focus RS е дел од планот на Ford да понуди повеќе возила ориентирани кон спортските перформански. Новиот тим за спортски возила на Ford ги обединува Team RS, Ford SVT и Ford Racing.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.