full screen background image
Search

Игор Стефановски пречекан како вистински крал на тркачките патеки во Бузет!

Благодарение на тимот и спонзорите на Стефановски, и ние како дел од навивачкиот караван успеавме да ја доживееме и искусиме магијата на Бузет. Oвој викенд интересното разбиено гратче раштркано на повеќе ридови беше домаќин на прекрасен автомобилски фестивал.

Европскиот шампион Иџе и ние како негови навивачи и новинари бевме одлично пречекани од Хрватската публика и организација. Иако неговото прво место беше загарантирано уште на две трки пред крајот на сезоната, сега целосно разбираме зошто тој се појави и на последната во Бузет. Неговата титула беше прославена на спектакуларен начин, со многу емоции и радости. Нешто што мора да се доживее за да се искуси! Организацијата феноменална – атмосфера за која секој автомобилски ентузијаст сонува.

Untitled-18

На патеката беа пријавени вкупно 220 возила, во кои беа вклучени историски возила, модерни автомобили, прототипови, болиди и формули. Најбрз од сите беше Италијанецот Симоне Фаџоли кој постави нов рекорд на патеката, со време од 2.11,661 минути, со што го остави вториот најбрз со формула Милош Бенеш за 11.457 секунди позади него. Иџе заврши како втор во својата класа, веднаш позади домашниот возач и минатогодишен Европски првак Томислав Мухвиќ. Збирот на времињата изнесуваше 5:25.564 за Мухвиќ и 5:28.181 за Стефановски.

Сезоната заврши на најдобриот начин што можеше да се замисли, сепак иднината на тркачката кариера на Стефановски главно зависи од финансиите. Годинава иако со најмал буџет од сите натпреварувачи, заврши на првото место. Се надеваме дека до почетокот на идната сезона ќе се јават уште повеликодушни спонзори кои ќе го поддржат да продолжи да ја претставува Македонија во одлично светло.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.