Во Унгарија започна производството на новото Audi TT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Унгарија започна производството на новото Audi TT!

Германскиот производител објави дека започна производството на третата генерација на Audi TT во фабриката во Gyor, Унгарија.

Германците се горди на фабриката во Унгарија – според Dr. Hubert Waltl, одговорен за производство во Audi AG, искусниот Унгарски тим ќе придонесе кон светскиот успех на новиот ТТ. Третата генерација влегува во сериско производство во истата фабрика каде веќе се произведува Audi A3 Sedan, S3 Sedan како и новиот А3 Cabriolet.

Audi Hungaria: Produktionsstart des neuen Audi TT Coup

„Нашата локација во Унгарија испорачува одлични перформанси кога станува збор за автомобили изработени со премиум квалитет. Ова е постигнато преку флексибилен и искусен тим. Со нивната експертиза, тие придонесуваат кон продолжување на светрскиот успех на ТТ, сега во неговата трета генерација“ – изјави Dr. Waltl. Audi Унгарија веќе има произведено повеќе од половина милион примероци од ТТ во последните неколку години, во успешна соработка со фабриката во Ingolstadt.

Со почетокот на производството на ТТ во фабриката во Gyor, сега фабриката работи под полн капацитет. Преку 3000 работници работат во оваа фабрика, а сите работници се соодветно обучени и имаат долгогодишно искуство.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.