full screen background image
Search

Lada Kalina Sport – 118 разјарени руски коњски сили!

Рускиот производител ја најавува спортската верзија на урбаната Lada Kalina – малиот хечбек ќе има на располагање цели 118 коњски сили!

Официјалната премиера е закажана за саемот на автомобили во Москва, но сепак веќе се објавени официјални фотографии и најважните детали за спортскиот урбан хечбек.

Од она што можеме да го видиме, Kalina ќе добие поагресивен бодикит, 16-инчни фелни и спортска суспензија која е за 20 милиметри пониска од стандардната. За придвижување на овој автомобил задолжен ќе биде 1.6-литарски атмосферски бензинец кој испорачува 118 коњски сили. Силата се пренесува кон предните тркала преку 5-степен мануелен менувач, забрзувањето до 100 километри на час трае 9.5 секунди а максималната брзина е 197 километри на час.

Според Lada, потрошувачката ќе изнесува 7.8 литри на 100 изминати километри, а цената во Русија за спортската верзија на Kalina ќе биде околу 10.000 евра. Интересен податок – Lada ќе нуди и уште посилна верзија на Kalina Sport – со 140 коњски сили, поголеми кочници и 17-инчни фелни.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.