Игор Стефановски триумфираше на Водно 2013! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Игор Стефановски триумфираше на Водно 2013!

Најбрзиот Македонски возач Игор Стефановски – Иџе е победник на ридско-брзинската трка „Водно 2013“.

Иако многумина учесници мачеа мака со дождливото време, тоа не успеа да го спречи Игор Стефановски да го сруши својот рекорд на патеката и да се искачи највисоко на подиумот. Тој со помош на неговиот Mitsubishi Lancer Evo IX постави нов рекорд за Македонски возач со време од 2.11.04 и постигна најбрзо време во генерален пласман. Иако на суво се далеку побрзи, лесните болиди немаа шанси со неговиот погон на сите тркала на влажната патека.

Второпласираниот Јован Ачимиќ постигна најбрзо време на денот со 2.07.14, но поради заостанување од 9 секунди во првата трка, не успеа да триумфира. Милош Асановиќ успеа за влакно да му ја одземе третата позиција на Ласло Сас, откако покажа подобро возење на втората трка.

Втор најбрз Македонски возач беше Виктор Давидовски позади воланот на Honda Civic Type R. Тој на крајот од патеката се најде петти во генералниот поредок, но втор во групата N. Оваа година на водно земаа учество уште девет Македонски возачи, од кои најдобро време постигна Крсте Трајковски како деветти во генерален пласман, но втор во класата Е1.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.