WRC: Себастијан Лоеб со доминантна победа во Аргентина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Себастијан Лоеб со доминантна победа во Аргентина!

Себастијан Лоеб ја освои неговата осма победа на Рели Аргентина со максимално доминантни перформанси на тоа што се планира да биде неговото претпоследно WRC појавување.

Земајќи го третото од само четири WRC учества годинава, делумно-откажаниот Лоеб се плашеше дека ќе биде многу “за’рѓан” за да му се спротивстави на доминантниот Себастијан Ожие, кој во почетокот беше значително побрз. Двајцата Французи се вклучија во интензивна битка, по што Лоеб започна да заостанува позади Ожие пред тој да направи грешка во петокот изутрина и со тоа да падне на третата позиција.

Иако проблемите на Мико Хирвонен за брзо време го ставија Ожие на второто место, пукнатина на пневматик го убеди да се откаже од борбата и да пристигне на целта како следбеник на Лоеб. Победата на Лоеб е втора негова и на Citroen во оваа сезона. Тој останува единствeниот возач покрај Ожие кој освоил WRC рунда во 2013.

Кога веќе беше решена ситуацијата помеѓу Лоеб и Ожие, главната возбуда се префрли во битката за третата позиција, така што Евгени Новиков се обиде да се искачи на подиумското место што го заработи во вториот ден. Но Polo-то на Јари-Мати Латвала беше премногу брзо за Новиков да може да се спротивстави. Финецот замина напред на претпоследната етапа, а Новиков тогаш излета и загуби 40 секунди.

Тери Невил ја донесе втората Fiesta во првите пет, додека останатите натпреварувачи беа забавени поради проблеми. Хирвонен беше закана за победата се додека пукнатина, а потоа големи проблеми со електрониката не го симнаа на конечната шеста позиција. Третиот возач на M-Sport, Мадс Остберг претрпе оштетување на системот за управување во почетокот од релито, но успеа да го приграби седмото место.

И двајцата, Андреас Микелсен и Дани Сордо се судрија, во Петокот и Четвртокот редоследно, и завршија многу близу при крајот на табелата од најбрзите десет. Сордо го задржа почетното водство така што тие ги освоија осмото и деветото место.

Водечки позиции по 14-тата етапа:

Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика
 1.  Себастијан Лоеб     Citroen       4h35m56.7s
 2.  Себастијан Ожие     VW               + 55.0s
 3.  Јари-Мати Латвала   VW             + 2m00.8s
 4.  Евгени Новиков      M-Sport Ford   + 2m36.7s
 5.  Тери Невил          M-Sport Ford   + 4m40.5s
 6.  Мико Хирвонен       Citroen        + 6m23.9s
 7.  Мадс Остберг        M-Sport Ford  + 11m02.2s
 8.  Андреас Микелсен    VW            + 13m22.1s
 9.  Дани Сордо          Citroen       + 13m22.3s
10.  Мартин Прокоп       Czech Ford    + 14m07.6s
Водечки позиции по Петтото Рели Аргентина:
 Поз. Возач Тим/Автомобил Вкупно Бодови
 1.  Себастијан Ожие     VW                 122
 2.  Себастијан Лоеб     Citroen             68
 3.  Мико Хирвонен       Citroen             57
 4.  Јари-Мати Латвала   VW                  49
 5.  Мадс Остберг        M-Sport Ford        38
 6.  Тери Невил          M-Sport Ford        35
 7.  Дани Сордо          Citroen             29
 8.  Евгени Новиков      M-Sport Ford        27
 9.  Мартин Прокоп       Czech Ford          21
10.  Насер Ал-Атија      М-Sport Ford        20



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.