Наскоро од Инголштад – Audi Q8 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Наскоро од Инголштад – Audi Q8

Audi официјално објави дека ќе лансира врвен кросовер кој ќе ја носи назнаката Q8.

Моделот ќе биде конструиран како конкурент на неодамна претставениот Range Rover Sport, ќе располага со линија на кровот во стил на купе и ќе биде замислен како кросовер верзија од A8. Тој ќе биде поставен на Volkswagen-овата MLB платформа, на која ќе бидат базирани следните генерации на Audi Q7, Volkswagen Touareg и Porsche Cayenne.

Q8 по се би требало да биде најголем кросовер во Volkswagen групацијата, а ова е еден од поодамна објавените рендери за неговиот можен изглед.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.