Нов Renault Megane ќе пристигне во Франкфурт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов Renault Megane ќе пристигне во Франкфурт

Renault планира да ја претстави наредната генерација на Megane во текот на овогодишниот автомобилски саем во Франкфурт.

Моделот ќе биде стилизиран според најновиот дизајнерски јазик на компанијата, по примерот на Clio и Captur, а ќе биде понуден во повеќе каросериски варијанти – петвратен хечбек, караван и тривратно купе, од кое најверојатно ќе произлезе и RenaultSport верзија.

Што се однесува до погонските единици, претстојниот Megane се очекува го добие новиот 0.9-литарски три-цилиндарски TCe агрегат кој произведува 90 кс, како и 1.2-литарскиот четири-цилиндарски мотор кој испорачува 120 кс, усогласен со EDC секвенцијална трансмисија.

Новиот Renault Megane се очекува да пристигне во изложбените салони при крајот на 2013 или почетокот на 2014.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.