Новиот знаменосец на Mercedes-Benz ќе ја има својата премиера наскоро, но Германскиот производител ја објави првата фотографија од новиот S-Class!
Веќе знаеме како ќе изгледа ентериерот на новиот луксузен седан, но сега знаеме повеќе и за екстериерот. Нам ова повеќе ни изгледа како AMG Sport варијанта, но ќе се воздржиме од понатамошни коментари додека не дознаеме повеќе.
Познавајќи го Германскиот производител, ќе можеме да очекуваме многу различни мотори – како дизелски и бензински, така и хибридни модели. На самиот врв ќе се најде верзијата изработена од AMG која уште еднаш ќе го постави стандардот.